Дивоградбите од „Скопје 2014“ нема да бидат опфатени со новото законско решение за легализирање на бесправни објекти

Од:

Дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на самите вакви објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека соодветно на категорија прва градба, надлежно е Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за категорија втора и други градби надлежни се самите општини.

– Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објакети, коишто не се вградени во самиот закон. Секако соодветно на тоа се однесува и на Охрид. Пи тоа да се знае, надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид, е дозволиво легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје, наведе претседателот на Владата.

Околу новиот предлог-закон за легализација на бесправни објекти, Заев реке дека останува на своите принципи, да бидат респонзивни и да ја слушаат јавноста. Тоа е многу значајно, како што рече, иако јас сум убеден дека и вака поставен законот може да ги исполни очекувањата на граѓаните и намената за којашто е предложен од страна на Владата.

– Уште еднаш да напоменам, во самиот закон се отстранети колективните згради. Во самиот закон се најдени решенијата на оние граѓани коишто се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат домови и објекти коишто ги имаат. Сега наоѓаме решение бесплатно тоа да го направат сите приматели на социјална помош и истовремено да ја легализираме и државната инфраструктура. Имаме огромен број објекти коишто не се упишани, почнувајќи од водоводи, канализации, локални патишта, споменици на културата, објекти од областа на енергетиката, социјалната и здравствената заштита, градинки, училишта, болници и така натаму, но претседателот на државата имаше две забелешки, граѓаните, исто така реагираа. Сите сме на став дека не треба да се откажеме од донесувањето на законот за легализација на бесправни правните градби, заради тоа што треба да се упишат објекти кои што се и споменици на култура, новата зграда на ЕСМ, околу 20 проценти водоводи и канализации во државата, дваесетина отсто локални патишта, кои што треба да имаат имотни листови и многу други објекти, потенцираше Заев.

Премиерот рече дека причините за донесување на законот се јасни, затоа што недонесување на закон, значи веднаш и одма отстранување, односно постапување по законите.

– Владата го овласти министерот за транспорт и врски да отвори јавна дебата со граѓанските организации и парламентарните групи и сите тие укажувања да бидат вградени. Прво тоа што стига од граѓаните, граѓанските организации и дел од пратениците е можноста за легализирање на куќите како дом за живеење, односно сите куќи кои што се дом за живеење, заклучно со 1 мај 2021 да ј добијат можноста за легализација. Второ укажување коешто стига е целосна забрана во националните паркови и заштитните посебни региони, каде што во националните паркови имаме строга заштита, имаме условеност и одржлив развој. Недовербата во институцијата да даде позитивно или негативно мислење за градење или легализирање во заштитени подрачја и национални паркови ја слушнавме од граѓаните и затоа имаме намера да ја прифатиме сугестијата за строга забрана во националните паркови и заштитени подрачја на строга заштита и втората зона на условената заштита, посочи премиерот.

Тој додаде дека даваат можност за оние кои имаат објект, што не е колективна зграда или дом за живеење, да го легализираат со плаќање на двојно поголема сума, отколку ако тоа се спровело по регуларна постапка.

– Државата треба да продолжи да ги решава проблемите на граѓаните. Најлесно е да кажеме не легализираме, но мора да се дадат одговорите што со бесправните градби. Навистина се многу повеќе од 50 000 објекти, посочи Заев.

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали пред да се поднесе законското решение ќе се направи кетегоризација на дивоградбите, односно собирање податоци за нивен точен број, рече дека не е сигурен дали општините имаат такви капацитети да можат денес да прават регистри коишто ќе траат месеци и години, за потоа кога ќе се донесе некое законско решение, да можеби дел од тие граѓани не исполнуваат услови или можеби дел од нив не сакаат да поднесат барање за ставење на правна рамка во нивниот објект.

– Ние ќе донесеме закон којшто ќе биде уште порестриктивен. Јас верувам дека ќе се согласиме сите политички партии во Собранието, заедно со НВО, кој што ќе биде прифатлив за граѓаните, а веднаш потоа сите граѓани коишто ги исполнуваат сите услови ќе можат да аплицираат до матичните општини за нивните објекти да бидат ставени во правна рамка и тогаш при нивната апликација ние ќе ги преброиме колку се тие објекти, колку исполнуваат услови, ќе бидат решени, а оние кои не исполнуваат услови ќе бидат одбиени. Така да сметаме дека со затекнатото законско решение коешто ќе го донесеме ќе придонесеме да да се увиди при апликацијата колку од тие објекти можат да бидат ставени во правна рамка, истакна Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска

Премиерот Заев најави дека ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Бочварски: Новиот закон за легализација е во постапка на прикачување на ЕНЕР

Ана Ололовска

ДЗС: Лани регистрирани 685 бесправно изградени објекти

Ана Ололовска

Бочварски: Драфт верзија на законот за легализација на дивоградби за две недели

Ана Ололовска