Дискусија за препознавање и признавање на сексуалните и родовите различности

Од:

„Препознавање и признавање на сексуалните и родовите различности“ е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје со цел да понуди преглед на досегашните практики, актуелната состојба и клучните и неопходни чекори за подобрување на состојбата со правата на сексуалните и родовите малцински групи во Република Македонија.

Говорници на дискусијата ќе бидат Евгенија Гиакумопулу од Советот на Европа, Ричард Келер од Transgender-Europe, Наташа Бошкова од Коалицијата СЗПМЗ, и Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет.

Целта на дискусијата е да понуди преглед на досегашните практики, актуелната состојба и клучните и неопходни чекори за подобрување на состојбата со правата на сексуалните и родовите малцински групи во Република Македонија. Посебен фокус во рамки на дискусијата ќе биде ставен врз состојбата со правата на трансродовите лица во Македонија, областите во кои е регистрирано највидливо прекршување на нивните права, судската пракса во Македонија за правно признавање на родот, и потребата од законска регулација на правното признавање на родот. Прашањата и приоритетите за локалниот контекст ќе бидат ставени во поширока рамка и во контекст на постојните практики во други земји на Европа, заложбите на Советот на Европа по овие прашања, и праксата и препораките на Европскиот суд за човекови права.

За целите на дискусијата ќе биде обезбеден симултан превод.

По дискусијата, учесниците на панелот и гостите во публиката ќе имаат можност да ја видат поставената изложба на победничките фотографии на PRIDE PHOTO AWARD за 2016 година, која беше отворена на 05.12.2017, а организирана во партнерство помеѓу Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија и Коалицијата СЗПМЗ.

Би можело да ве интересира

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот во земјава

Ана Ололовска

Анализа: Ковид 19 катастрофален за феминизмот, жените се во подредена улога

Ана Ололовска

Напредокот во однос на еднаквоста на половите останува бавен

Ана Ололовска

„Секоја една е вредна“ – кампања против родови стереотипи и предрасуди за жените

Ана Ололовска

Хелсиншки очекува сексуалната ориентација по локалните да стане основ за дискриминација

Ана Ололовска