Дискусија за предизвиците пред и по членството во НАТО

Од:

Дискусија на тема „Предизвиците на Република Северна Македонија пред и по членството во НАТО“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

– Во дискусијата се очекува да се нагласи дека развојот и унапредувањето на безбедносниот систем се условени од брзината на реформите во оваа област, кои ќе овозможат развој на безбедносниот систем на Република Северна Македонија и поголема стабилност на земјата. Сегашната поставеност на безбедносниот систем на Република Северна Македонија треба да се доградува во насока сè повеќе и понагласено да дава одговор на кризите, заканите и загрозувањата. Затоа се наметнува потребата од градење соодветни безбедносни политики преку нови стратегии, доктрини и концепции се заклучува во публикациите и истражувањата за безбедноста кои ќе се промовираат, соопштија од Факултетот за безбедност – Скопје.

Од организаторите најавено е присуство на началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, директорот на Фондацијата Конрад Аденауер Јоханес Раи, деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, доц. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Цане Мојаноски и претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска.

Воедно, денеска, ќе биде промовиран универзитетскиот учебник „Вовед во безбедноста“ и истражувачката монографија „Индекс на безбедност 2“. Издавачи на двете книги се Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Би можело да ве интересира

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски

Руте: Три земји-членки на Алијансата не даваат согласност за членство на Украина во НАТО

Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

„Аксиос“: САД се подготвени да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции моделирани според Член 5 на НАТО

Во американскиот Конгрес поднесен предлог-закон за повлекување на САД од НАТО