Диско супа – за подигање на свеста против фрлањето храна

Од:

Како од храната која би завршила во корпите за отпадоци да се подготви вкусна супа, ќе можат да видат утре посетителите на настанот што го организираат Слоу фуд Млади – Македонија и #РетвитниOброк под мотото „Да си ги наполниме стомаците, наместо кантите!“.

Станува збор за Ден на диско супа – Македонија кој се одржува по повод „Светскиот ден на диско супа“ што  се случува во преку 60 земји од светот, а ги поврзува храната, музиката и хуманоста.

Настанот ќе ги вклучи младите во заедничка акција за подигање на свеста против фрлањето храна.

– Младите активисти заедно со матурантите од средното угостителско училиште ќе подготвуваат супа од намирници кои ќе се обезбедат од донации од маркетите и пазарите, ќе ја делат на случајните минувачи и на бездомниците. Покрај супата, минувачите ќе имаат можност да се забавуваат во ритамот на музиката, вели за МИА координаторот на Слоу фуд Млади Билјана Митреска.

Според Шенај Скендеровска од Слоу фуд Млади Македонија, на овој начин се поттикнува младинското активирање и директно се покренуваат прашањата поврзани со системот на храна. 

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава