Дисциплински органи на Адвокатската комора ќе утврдат дали адвокатот Страшевски сторил повреда

Од:

Адвокатската комора на Република Северна Македонија по прибирањето на сите материјали во врска со преписките меѓу Основниот кривичен суд Скопје и адвокатот Јовица Страшевски ќе ги предаде на дисциплински органи на Комората, кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокатот.

– На ден 09.01.2020 година, Адвокатската комора на Република Северна Македонија доби писмено известување од Основниот кривичен суд Скопје во врска со наводни притисоци од страна на адвокат во предмет познат во јавноста како „ТНТ“. Исто така на ден 09.01.2020 година Адвокатската комора прими Барање од Судот со прилог Известување на адвокатот Јовица Страшевски од Скопје за негово заминување на годишен одмор во периодот од 08.01.2020 до 17.01.2020, за кое судот смета дека е насочено исклучиво кон одолговлекување и опструирање на кривичната постапка и за кое бара од Комората да преземе конкретни дејствија за негово санкционирање, се наведува во соопштението од Адвокатската комора.

Од Адвокатската комора на РСМ наведуваат дека по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат.

Би можело да ве интересира

41-годишен маж од Скопје осомничен дека го подметнал пожарот во Адвокатката комора

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на Уставот

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески