Дисциплински мерки против 10 вработени во МВР

Од:

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 и член 207 став 1 и точки 4 и 8 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, соопшти МВР, на шест вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на двајца вработени мерка – „запирање на постапката“,  на еден вработен мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.

Станува збор за инспектор во Отсек за перење пари, СВР Скопје на кого му е изречена мерка „парична казна“ во висина од 15 отсто од месечната плата за три месеци (не го почитувал работниот ред и дисциплна), полицаец во ПС од ОН Струмица, СВР Струмица  на кој му е изречена мерка „парична казна“ во висина од 15 отсто од месечната плата за три месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа), полицаец за БПС во ПС за БПС Велес, СВР Велес, на кој му е изречена мерка „парична казна“ во висина од 10 отсто од месечната плата за еден месец (не се придржувала кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место), полицаец во ПК Демир Капија, СВР Велес, на кој му е  изречена мерка „парична казна“ во висина од  10 отсто од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место без да добие согласност од старешината).

На инспектор за економски криминалитет во ОЕК, СВР-Штип,  изречена му е мерка „парична казна“ во висина од  15 отсто од месечната плата за шест месеци (во својство на Командир не ја контролирал работата на администраторот во ПС), на водич на безбедносен реон во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15 отсто од месечната плата за три месеци (покажала слаба активност во своето работење и не водела уредна евиденција за извршени кривични дела), на полицаец во увидна група во ПС за БПС Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда).

На помошник дежурен во ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“  (нема повреда), на дежурен во ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Не извршил детална проверка на објектите лоцирани во склоп на полициската станица за да констатира дека на истиот има оштетување), а на инспектор за општ  криминалитет во НК за КР Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни работни дена и не го оправдал своето отсуство).

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа