Дисциплински казни за осум вработени во МВР

Од:

Осум решенија против осум вработени во Министерството за внатрешни работи се донесени по спроведена дисциплинска постапка поради сторени повреди во работењето, согласно одредби од Колективниот договор на МВР.

Како што соопшти МВР, во постапката спорведена минатата недела на четири вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден мерка „писмено предупредување”, на двајца “отказ“, и на еден вработен мерка “распоредување еден степен пониско”.

Џ.С. командир ПО Групчин изречена му е мерка “парична казна” (постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството).

Г.С. самостоен инспектор Единица за ЈРМ изречена му е мерка „писмено предупредување” (со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица).

Б.Н. виш инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).

Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Струга изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил ОЈО).

И.И. помлад инспектор за општ криминалитет СВР Куманово изречена му е мерка “отказ” (не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок).

А.Ф. полицаец во ЕСЗ изречена му е мерка “отказ” (при извршена анализа му било утврдено присуство на марихуана).

С.С. полицаец во ЕБР изречена му е мерка “распоредување еден степен пониско” (изврши дејствие што претставува прекршок против јавниот ред и мир).

Г.П. полицаец во ПС за БПС Демир Капија изречена му е мерка “парична казна” (заспал на работно место).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка