Директорот на затворот Идризово поднел оставка

Од:

Директорот на затворот „Идризово“ , Керим Мамути, поднесува оставка од функцијата. Ваков чекор следува по одлуката на Алијансата за Албанците да ја напушти владината коалиција. Претходно, своите оставки ги депонираа и заменик-министрите за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во Министерството за правда, Зулфи Адили.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, најави дека нивната партија ќе дејствува како опозиција, откако не успеаја со премиерот Зоран Заев да се испазарат за министерските места. По изборот на Арбен Таравари за градоначалник на Гостивар, за нов министер за здравство беше назначен Венко Филипче, а на Алијансата ѝ беше понудено вицепремиерско место што за партијата не беше прифатливо.

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Катастрофални услови, пренатрупаност и и лоша здравствена заштита во македонските затвори

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна