Ексдиректорот на Токсикологија: Сите кои се причестивте со исто лажиче, го обесчестивте трудот на белите мантили

Од:

Поранешниот директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски, реагираше поради вчерашното причестување во повеќе црковни храмови низ Македонија. Беќировски смета дека верниците со причестувањето со исто лажиче, го обесчестиле десетмесечниот труд на медицинските работници кои спасуваат животи на заболени со коронавирус.

„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“, напиша Беќаровски.

Освен реакцијата на докторот, реакции и барања за казнување на Македонската православна црква поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот имаше и од граѓани на социјалните мрежи. Ова е вторпат како МПЦ не отстапува од причеста со исто лажиче. Првиот пат, верниците се причестија за Велигден, а сега и за Божиќ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски