Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски во посета на општина Сарај

Од:

Денеска директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски ја посети општина Сарај, каде оствари средба со градоначалникот г-дин Блерим Беџети.

На средбата беше истакната потребата од понатамошна продлабочена соработка меѓу КОВЗРГ и општина Сарај во насока на гарантирање на меѓуконфесионалниот мир и стабилност, како дел од процесот на градење доверба меѓу граѓаните припадници на различни заедници.

Директорот Сотировски истакна дека ќе ги поддржи сите заложби на локалната самоуправа за неселективно задоволување на верските потреби на граѓаните, кој притоа додаде „Општина Сарај неслучајно е првата општина која ја посетувам, тука е голем потенцијалот за заедничко ангажирање за заштита на непроценливото културно наследство, како Хусеин Шах Џамијата и Црквата Св. Андреа, кои сведочат за заедничкото вековно егзистирање на нашите претци и нивната непоколеблива верба“.

Градоначалникот Беџети ги афирмираше ставовите на општината за грижа за задоволување на потребите на конфесиите и постојаната спремност за дијалог и разбирање

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Се истепале двајца вработени во основно училиште во Сарај

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Насилници со метални предмети истепале малолетници кои биле на екскурзија во Сарај

Горан Наумовски