Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, преку социјалните мрежи информираше дека ќе биде во самоизолација по остварен контакт со Мухамед Зекири, кој е позитивен на коронавирусот.
„Би сакал да ве информирам дека овие денови имав средба со Мухамет Зекири пред да излезе позитивен на тестирањето на Ковид-19. Од тие причини, истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции.
Немам никави симптоми, додека во текот на ова недела ќе бидам тестиран од ИЈЗ. На Мухамет Зекири заедно со фамилијата му посакувам што побрзо оздравување“, напиша Муареми.