Директорот на АНБ ќе биде сменет за 24 дена, но не поради скандалот со Онишченко, туку ќе биде амбасадор

Од:

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, ќе биде променет. Но, не поради скандалот со издавање на државјанство на Украинецот Александар Онишченко, туку поради тоа што Димовски треба да биде амбасадор на Македонија во Франција. Премиерот Димитар Ковачевски најави нов директор за 24 дена.

„Државјанството беше доделено по четири позитивни мислења. Побарав извештај по спроведена анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да даде извештај на затворена седница на Влада. Тоа ќе се случи во текот на утрешниот ден. Одговорност мора да има, тоа е работа на анализа. Дали ќе имаме нов директор на АНБ, односно дали ќе има одговорност – да ќе имаме нов директор АНБ. Именување на нов директор на АНБ ќе има во новите 24 дена. Треба да биде професионалец, со долгогодишно искуство, треба да ги помине филтрите на стратешките партнери, треба да биде тоа усогласено, односно изборот со критериумите“, кажа Ковачевски.

Прашан дали промената на Димовски е поради скандалот, Ковачевски одговори: „Тоа е затоа што директорот е веќе со испратени агремани за амбасадор на Франција и е отпочната селекција“.

Онишченко добил македонско државјанство и покрај тоа што е на црна листа на САД. Нејасно е како ги минал безбедносните проверки во Македонија кои се прават за секој потенцијален кандидат за македонско државјанство. Виктор Димовски, директор на АНБ во заминување, кажа дека виновен е службеник во АНБ кој не ја изготвил соодветно проверката. Детали за ова, како и дали одговороста е кај службеникот – нема.

Би можело да ве интересира

Прекината седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ, не се појави никој од Агенцијата

Катерина Ѓуровски

Без консултација со партнерите од НАТО дадена е согласност за државјанството на Онишченко, АНБ ја лоцираше одговрноста кај поединец

Катерина Ѓуровски

Пренџов: Димовски од АНБ не дојде на собраниска комисија, од денот на поднесување на документи за државјанство до денес Онишченко е на црна листа на САД