Директорката на Детска клиника во кампања на ВМРО-ДПМНЕ за вакцинацијата

Од:

И актуелната епидемија со морбили се подели по партиска линија. Директорката на Детската клиника, Катерина Ставриќ се вклучи во акцијата на Унијата на жени на ОК на Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ на трибина на тема „Вакцини – дилеми и заблуди“.

Пред жените од партијата, таа зборуваше за епидемијата со морбили и за вакцинацијата. Фотографиите од дебатата вчера беа објавени на официјалната „Фејсбук“ страна на Унијата на жени од Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

„УЖ на ОК Ѓорче Петров, вечерва во Домот на култура во Ѓорче Петров ја одржа трибината на тема „Вакцини- дилеми и заблуди”. Први и единствени во земјава, препознавајќи ја потребата од ваква дебата, во време на епидемија со морбили, овозможивме да се расчистат дел од дилемите и заблудите околу вакцините. Трибината ја модерираше д-р Ленче Нелоска, а професор д-р Кети Ставриќ беше експертот со кој граѓаните имаа можност да разговараат“, се вели во објавата.

Останува прашањето колку директорите на клиниките треба да се инволвираат во партиски кампањи, со оглед на тоа што вакцинацијата и епидемијата со морбили го засегнуваат целото население, без разлика на партиската припадност и колку ваквите трибини треба да се организираат под превезот на партиските знамиња.

Би можело да ве интересира

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Над 50.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип