Директорите на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока се откажуваат од платата за месец март и истата ќе ја донираат за да се засилат мерките против коронавирусот.
„Средствата ќе бидат пренаменети за потребите на Службата за Итна медицинска помош која во овој кризен момент е прва линија за помош на сите наши корисници на здравствени услуги“, се вели во соопштението на Здравствен дом – Скопје.