Директорите на училиштата од Центар кај Жерновски

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ги повика директорите на 7-те основни општински училишта за да разговараат околу случувањата со провокативните и политички натписи кои се појавија на некои училишта.

На училиштето „Гоце Делчев“, кое е на територија на Центар, беше залепен плакат на кој пишува „Парична казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“.

На средбата беше присутен и командирот на Полициската станица „Центар“, кој им повтори на директорите дека поставување на вакви написи во училиштата, како и агитирање внатре во училиштата, претставува кривично дело. Кривично дело е и отстранувањето на плакатот, бидејќи со тоа се уништуваат и дел од доказите против сторителите.

Директорката на ООУ „Гоце Делчев“ јасно посочи дека вакво политичко агитирање е труење на децата и дека треба да биде најстрого санкционирано, се вели во соопштението на општина Центар.

„Јас точно знам зошто е избрано училиште во општина Центар и зошто токму училиштето „Гоце Делчев”, каде што учат моите две деца, но сакам уште еднаш да повторам дека инволвирање на децата и учениците за политички цели и интереси, во било кое училиште, нема да дозволам“, рече Жерновски.

Полицијата презема мерки за откривање на оние кои го поставија плакатот, а во и околу училиштата ќе има зголемено ниво на будност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар