Директор на училиште во Велес добил снимка со сексуална содржина меѓу професор и ученичка

Од:

Скандал го тресе средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес. Аудио снимка на која се слушал разговор, за кој во пријавата се тврди дека е помеѓу професор и ученичка, а се зборувало за сексуални односи кои ги имале, кружи на социјалните мрежи. Истата била испратена и до директорот на училиштето. Тој, пак, пријавил во полиција.

„Директорот на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес пријавил дека на 15.10.2022 преку социјалната мрежа „Фејсбук” од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче“, велат од МВР.

До директорот била испратена и СМС порака дека ако не преземе мерки против професорот, ќе настрада тој.

„СМС пораката била со заканувачка содржина, доколку не преземе мерки против професорот“, додаваат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот. Полицијата утврдува чии гласови се слушаат на снимката, по што, во станица ќе бидат повикани професорот и лицето кое пријавило.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето