Директор на ЈП „Комуналец“ Прилеп со општински пари платил глоба што требало да ја плати како одговорно лице

Од:

Наворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(58), М.А.(54), Г.А.(33), Н.М.(39), М.К.(55) и С.К.(37), сите од Прилеп. за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

Првопријавениот, како директор на ЈП “Комуналец“ Прилеп поднел писмено барање за одобрување на средства за плаќање на глоба по прекршок констатиран од Управата за јавни приходи, од редовната сметка на комуналното претпријатие, и покрај тоа што како одговорно лице требало паричната глоба да ја плати од сопствени средства. Второпријавената, како претседател на управниот одбор на ЈП “Комуналец“ Прилеп, на седница на управен одбор на претпријатието, го ставила на гласање барањето и потпишала одлука со која било одобрено глобата за правното и одговорното лице да биде исплатена од редовната сметка на претпријатието. Останатите пријавени како членови на управниот одбор, гласале позитивно за донесување на одлуката.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај