Директор и наставник на скопска гимназија, осомничени за издавање лажни сведетелства и диплома

Од:

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(35) и Ш.З.(38), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против О.С.(50) од Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот, како одговорен наставник за вонредни ученици во средното училиште „Цветан Димов“ – Скопје и второпријавениот, како Директор во училиштето и покрај тоа што знаеле дека третопријавениот не бил запишан како вонреден ученик во 2012 и 2013 година, туку бил запишан на точно неутврден датум во 2014 година, како и дека, третопријавениот не ги полагал сите испити по предметите, своерачно, со потписи и печат му изготвиле и издале четири лажни свидетелства и диплома за положен завршен испит, информираат од МВР.

Оттаму велат дека третопријавениот ги употребил овие документи како доказ во правниот сообраќај во повеќе наврати, како и при засновање на работен однос на неопределено време на работно место Командир на територијална противпожарна единица во Општина Старо Нагоричане, за што во период од две години, му биле исплатени 34 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за којшто износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он