ВИДЕО: Дирекцијата за заштита и спасување одбележа 13 години од формирањето

Од:

Воспоставување систем за заштита и спасување на ниво на цела држава, доекипирање и опремување на тимовите, враќање на дел од долгот кој новото раководство го затекнало по доаѓањето на чело на Дирекцијата за заштита и спасување, се дел од активностите кои ги спровела оваа институција.

Директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски на денешната свеченост во касарната „Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на 13-годишнината од формирањето на Дирекцијата истакна дека за само неколку месеци е вратен речиси половина од долгот, а во план е целосно да се врати до крајот на годината.

– Пред девет месеци кога прв пат зачекорив состојбата беше катастрофална од секој аспект. Затекнавме долг од 70 милиони денари и над 40 милиони денари неподмирени судски, адвокатски трошоци, трошоци за извршители и други давачки. Десет години во континуитет за стапката капитални инвестиции не бил издвојуван ниту денар, рече тој.

Новото раководство во институцијата затекнало незаконско издавање стотици лиценца на правни и физички лица за сервисирање на противпожарни апарати, стабилни системи и хидрантски мрежи.

Џаферовски нагласи дека Дирекцијата работи на истрага и оти за тие активности се покренати соодветни правни постапки.

Тој нагласи дека Дирекцијата работи на исполнување на превенција, едукација, надзор врз спроведување на мерките.

Во оперативниот дел прв пат е конституиран Републичкиот штаб за заштита и спасување, извршено е ревидирање на постојниот и резервниот состав за заштита и спасување, како и на тимовите за брз одговор.

Севрисирани се воздухопловите и тие, како што информира Џаферовски се целосно подготвени за дејствување. Навабени се нови униформи за пилотите, а во тек е набавка и на униформи за дел од припадниците на силите за заштита и спасување. Извршена е и обука на пиротехничари и деминери, согласно НАТО стандардите.

Џаферовски истакна дека Дирекцијата работи на проект заедно со сродните институции во Албанија, Грција и Бугарија и додаде дека е вклучена во повеќе меѓународни проекти, со што ќе се овозможи и нејзино постепено доекипирање.

Пред присутните се обрати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој напомена дека концептот на заштита и спасување е еден од базичните системски механизми, според кои може да се добие јасна претстава за капацитетите, перформансите и зрелоста на едно општество, неговите институции, адекватно и ефикасно да одговорат на разните можни кризи и предизвици.

– Во тој комплементарен сегмент од институционални чинители, Дирекцијата за заштита и спасување го зазема централното место, како дел од раното предупредување, односно следењето и проценката на состојбите, така и во делот на директен одговор кон загрозувачките ситуации, рече Спасовски.

На свеченоста директорот им додели плакети на најдобрите соработници, а меѓу нив беше и Спасовски.

По свеченоста беше организирана презентација на опремата и ресурсите со кои располага ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување е формирана на 16 мај 2005 година. Таа е самостоен орган на државната управа, кој настана со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ДЗС моментално располага само со еден функционален „Ер трактор“

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

Зголемени трошоците на живот во ноември

А1он

Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал

А1он

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта

А1он