Во рамки на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, денеска дрвца ќе сади дипломатскиот кор во Република Македонија.
Садниците ќе бидат посадени во паркот Македонија во Скопје, а ќе присуствува и градоначаникот на Град Скопје Коце Трајановски
Осумнаесетта акција „Ден на дрвото“, која традиционално се одржува девет години, беше организирана на 30 ноември 2016 година.
Акцијата се одржа под мотото „Засади екоиднина!“ и „Засади градска екоиднина!“.
За потребите на Акцијата ЈП „Македонски шуми“ обезбеди 2.615.843 шумски и декоративни садници од разни видови. Пошумувањето се одвива на целата територија на Република Македонија на утврдени локации на површина од 503,89 хектари.
Акцентот на засадување годинава е во урбаните средини: на парковските површини, покрај булеварите, слободни површини, блоковско засадување, во дворовите на здравствените домови и болниците, училиштата (основни и средни) и во урбаните делови на општините.
Во Град Скопје се засадуваат 1.000.568 садници.