Дипломатски синдикат: Трендот на елементарна јазична неписменост во кабинетот на Османи е во подем

Од:

Македонскиот дипломатски синдикат го обвини министерот Бујар Османи дека бомбастично пласира информации дека Македонија станала депозитар на три меѓународни договори склучени во рамки на Берлинскиот процес.

„Во своите континуирани заложби за самопромоција, министерот за надворешни работи Бујар Османи преку веб страната на МНР и неговиот Фејсбук налог, бомбастично пласира информација дека Македонија станала депозитар на три меѓународни договори склучени во рамки на Берлинскиот процес.

Таму во детали се опишува како „министерот за надворешни работи Бујар Османи ги примил трите договори…“, како „оригиналните документи беа предадени од страна на Сузане Шулц, директор за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во германското МНР“, а самиот Османи во таа прилика изјавил дека доделената улога на депозитар „претставува потврда за конструктивната улога на Македонија во регионалните процеси и соработка, како и посветеност на државата за јакнење добрососедски односи, но и модел за изнаоѓање позитивни решенија за надминување на отворените прашања.“

Сето ова звучи прилично невкусно и нема никаква допирна точка со сите претходно наведени епитети, кога се знае дека депонирањето на договори во дипломатијата е целосно технички процес, дел од вкупната процедура на чување документи, пристапување или излегување од договори и по правило го спроведува оддел за меѓународно право во министерството. Ефтино политикантство“, објави синдикатот.

Дипломатите се загрижени што во кабинетот има јазична неписменост и тоа за нив е замајување на јавноста и играње со угледот на македонската дипломатија.

„Исто така, како професионалци сме загрижени дека трендот на елементарна јазична неписменост во кабинетот на Османи, на што и порано сме укажувале, е во подем. Во англискиот превод на соопштените е напишано дека Македонија е “depositor“, наместо “depositary“. Веројатно кабинетот повторно ќе го брани Османи дека станува збор за „техничка грешка“, но проблемот е што разликата во двата термини е суштествена.

Додека терминот depositary означува човек или ентитет на кого му е нешто доверено на чување, терминот “depositor” има токму спротивно значење и означува човек или ентитет кој што нешто доверува некому на чување. Во секојдневниот живот, зборот “depositor” или на македонски јазик „депонент“ најчесто означува човек што депонира односно внесува свој штеден влог во банка. Во никој случај не може да биде МНР кое зема обврска да ги чува договорите“, додадоа од синдикатот.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски