Дипломатски клуб: Поддршка за дипломатите за професионалноста и пожртвуваноста во актуелната здравствена криза

Од:

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје, по повод Денот на македонската дипломатија 29 април, изразува поддршка и благодарност на македонските дипломати кои, како што се наведува, во овие тешки моменти на светска здравствена криза, професионално и пожртвувано го даваат својот придонес во борбата за надминување на последиците од пандемијата.

-Дипломатите на Република Северна Македонија во странство и во МНР со своите напори придонесуваат за што поефикасно делување на најистурените борци против корона вирусот – медицинскиот персонал, како и на полицијата и армијата на нашата држава. Делувајки во земјите на нивната акредитација и со странските претставници во нашата земја, нашите дипломати даваат свој драгоцен придонес за заштита на здравјето и животите на граѓаните и за стабилизација на здравстениот систем на нашата држава во услови кога и нивното здравје и здравјето на нивните семејства се во сериозна опасност, велат од Дипломатскиот клуб.

Посочуваат дека како дипломатија на мала земја, со ограничени материјални и човечки ресурси за покривање на сите возможни состојби, за поздравување е досегашниот труд и постигнатите успеси на македонските дипломати за информирање и репатријација на над 3000 македонски граѓани низ светот и координација на странската помош, што е доказ за нивната висока професионалност и искрен патриотизам.

– Драги колеги, свесни за тешкотиите со кои се соочувате, уверени сме дека достојно ја извршувате својата државничка функција во исклучителни услови на пандемија и на нашиот празник – денот кога пред 51 година е основан првиот државен орган за надворешни работи во Македонија. Нека ни е честит Денот на македонската дипломатија 29 април!, стои во соопштението од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија