Диневски: Со проектот „Отвори врата за иднината“ посетени 19.635 домови

Од:

„Проектот „Отвори врата за иднината“ ја постигна својата цел. Она што го започнавме како наша мисија, да тропнеме на секоја врата во Битола, да поразговараме со секој наш сограѓанин за проблемите со кои секојдневно се соочуваат е успешно завршено.

– Посетени се вкупно 19.635 домови, притоа имавме привилегија да чуеме од околу 32 илјади наши сограѓани многу предлози и сугестии. Почитувани сограѓани сакам срдечно да Ви се заблагодарам за Вашиот придонес во заедничката заложба за создавање на визијата за поубава Битола.

Притоа сакам да Ве информирам дека во овој момент за нас клучни се следните два приоритети:

1. Да направиме детална анализа на сите предлози добиени од граѓаните;

2. Да изработиме Програма која ќе понуди решенија за најгорливите проблеми во Битола, која ќе биде реална, развојна и одржлива.

– Програма со детални решенија и проекти за подобар локален економски развој, модерни сообраќајници, булевари, за градежни зафати на улици и објекти на кои ќе се работи ефикасно, а нивната реализација наместо со месеци ќе се мери во недели;

– Програма која ќе овозможи резервоар за вработувања;

– Програма која ќе даде решенија за осветлувањето и градските постојки, урбаните детски катчиња, мостовите и парковите, хигиената, градските клупи и чешми. Место во која отпадот наместо проблем ќе претставува ресурс, а справувањето со истиот вистински предизвик, Општина каде основното и средното образование, наместо со милионски долгови ќе работи со развојни проекти;

– Град во кој спортот и спортските објекти ќе го добијат заслуженото внимание и ресурси, а туризмот значаен поттик.

– Сакам да Ве уверам дека Сојузот за иднината и понатаму ќе продолжи да работи неуморно на изнаоѓање на најдобрите програмата ќе биде доследно спроведена од личности кои се чесни и докажани и кои имаат висок морален и интелектуален капацитет“, изјави Менде Диневски, кандидат за градоначалник на општина Битола.

 

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!