Димовски: Заев го крши Законот за спречување корупција, нека достави нов предлог за избор на министри

Од:

Илија Димовски бара точката за избор на нови членови на Влада да се тргне од дневен ред, а Зоран Заев во меѓувреме да достави нов предлог, бидејќи според него вака доставениот предлог со кој премиерот ќе биде и министер за финансии е спротивен на Законот за спречување корупција.

– Најголема критика на ЕУ е што се штанцаат закони кои не се применуваат. Пред само неколу месеци донесовме Закон за спречување корупција со 80 гласа. Членот 44 предвидува неспоивост на функции. Кршењето на законите ќе биде на највисоко ниво по предлог на мандатарот, рече Димовски.

Предлогот на Димовски не беше прифатен од мнозинството пратеници, а прва точка на дневен ред пред пратениците е предлог одлуката за изменување на одлуката за продолжување на рокот за кризна состојба заради зголемен број на мигранти.

Втора точка е предлог за разрешување на членови на Влада.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он