Димовски: Во Делчево ќе се отвори рудник за јаглен и термоцентрала

Од:

Носителот на кандидатската листа во Третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Илија Димовски, денеска од Делчево најави отворање рудник за јаглен и изградба на термоцентрала.

– Во следните четири години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и државните компании од областа на енергетиката ќе вложат огромни милиониски суми во енергетскиот сектор, во откривање нови рудни богатства и во зголемување на капацитетот на производство на електрична енергија. Еден од клучните проекти во програмата „Реално“ се наоѓа во Пијанечко-малешевскиот дел, односно  во селата Стамер и Панчарево, каде изминатиот период се направија сериозни истражувања чии првични резултати говорат дека количините на јаглен овде се огромни, но она што е за изненадување е квалитетот кој е одличен, ако не и најдобар во Македонија, рече Димовски.

Посочи дека  вниманието во овој регион ќе биде насочено кон тој потенцијал.

– Завршување со сите физибилити студии и отворање голем рудник за јаглен и создавање услови за изградба на термоцентрала што ќе значи многу вработувања за овој дел од Македонија, но и индустриски препород на целиот регион. Државните компании се со сериозна намера да работат на овој проект, а ние како пратеници  во следниот параламент ќе даваме сериозна поддршка и напор до Владата и државните компании овој проект да оди по динамиката која е предвидена, изјави Димовски.

Тој денеска имаше средба со граѓани од Делчево, каде беше презентирана програмата, посебно во делот на образованието, младите и поддршката на компаниите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски