Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се меша во работата на судовите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ниту досега, ниту во иднина има намера да се меша во работата на Јавното обвинителството и судовите во Република Македонија, како што воопшто не се мешаше кога овие институции притвораа и затвораа членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за прекршување на законите.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Никој, потенцира Димовски, не може да има различен третман од секој друг граѓани само заради тоа што е член или функционер на една или друга партија.

– По карактерот на барањето на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да се вмеша во овие работи и да издејствува ослободување од притвор на Шиповиќ, јасно е дека со СДСМ се уште владее Црвенковски и неговата школа. Не толку одамна, Црвенковски јавно објаснуваше како премиерот треба да крене слушалка и да заврши ваква работа. Ние разбираме дека така се работело во време на СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ не работи на тој начин, ниту пак некогаш ќе работи, истакна Димовски.

Тој информира дека согласно законот не постои можност ВМРО-ДПМНЕ да ја преземе власта во општина Центар бидејќи, како што рече, ако Шиповиќ се повлече или поднесе оставка на негово место доаѓа повторно човек од листата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела