Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе формира 10 пратенички групи

Од:

Пратеникот Илија Димовски на брифинг со новинарите истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира десет пратенички групи во Собранието.

Девет од нив ќе имаат по пет пратеници, а една ќе има шест пратеници.

Ова, како што рече Димовски, го прават за да се искористат деловничките можност, односно да може повеќе да се дискутира, затоа што на координаторите на пратеничките групи им е дозволено да дискутираат по 15 минути и процедурални забелешки од 3 минути.

Иако не е прв пат некоја коалиција да има повеќе пратенички групи, сепак никогаш немало 10.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски