Димовски: Случајот Кежаровски да не се злоупотребува во дневно-политички пресметки

Од:

ВМРО ДПМНЕ бара случајот на притворениот новинар Томислав Кежаровски да не се искористува за дневнополитички пресметки.

„Би сакале да потенцираме дека не сакаме и се обидуваме секогаш да не се мешаме во одлуките на судските органи и на Јавното обвинителство на Република Македонија, без разлика за која личност тие имаат поведено постапка денес, пред една, две или пет години. Тој принципиелен однос на ВМРО-ДПМНЕ верувам дека е осведочен и од вас, како преставници на медиумите. Но во овој случај би сакале да потенцираме дека би го разбрале позитивно и би го прифатиле позитивно, доколку јавното обвинитеслво и судските органи пристапат со поголем степен на внимание околу сензибилитетот на случајот на Кежаровски и ги разгледаат сите аспекти кои што ги укажуваат повеќе општетсвени фактори“, рече Димовски.

За ВМРО-ДПМНЕ, не сите, кои што денес или во минатите денови облекоа маици ’Слобода за Кежо’ имаат иста агенда“.

„Би сакал да потенцирам дека одредени политички партии го злоупотребуваат овој случај на крајно неприфатлив и некоректен начин, не со цел да помогнат на некого, туку со цел да наштетат на дугите политички партии“, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела