Димовски: СДСМ спроведува двојна политика со мандатите

Од:

СДСМ спроведува двојна политика, јавно ги нуди своите оставки, а тајно и дискретно често знаат да пратат порака до нас дека не би сакале мандатите да им бидат одземени, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на канцеларија за комуникација со граѓаните на пратеничката Олга Николовска во Гази Баба, Димовски рече дека најдобро за државата е пратениците на СДСМ да си ја извршуваат работата низ институциите, онака како што сите други пратеници ја извршуваат.

– Но ваквата состојба која што СДСМ ја проектира на јавни закани, силења, уценувања не може да трае на долг рок, рече Димовски.

Тој додаде дека пратениците од опозицијата се единствените во државата кои шест месеци не одат на работа, а земаат плата.

– Знаете како се правилата, ако три дена човек неоправдано не се појави на своето работно место, без разлика дали е новинар, работник, дали работи во администрација или било каде, ќе си ги сноси одговорностите. Очигледно СДСМ сака со овие силења, закани на своите пратеници да им овозможи некоја комотна состојба која за ниеден друг граѓанин во Република Македонија не важи, истакна Димовски.

Тој потсети дека пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните.
– За жал во овој момент со активноста на СДСМ најголеми губитници се токму оние граѓани кои што гласале за нив. Да се надеваме дека конечно ќе разберат дека состојбата во која што се наоѓаат е најмногу заради нивните погрешни политики и нивните погрешни чекори не е заради никој друг, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела