(ВИДЕО) Димовски: СДСМ прави политички притисок врз Собранието

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, чија партија веќе девети ден ја опструира работата на Собранието побара од СДСМ „да не правеле политички притисок врз Собранието“.

– Пред да заврши расправата по третата точка не може да се премине на изборот на претседател на Собрание. Секогаш се бирала прво комисија, а потоа претседател, рече Димовски.

На тоа Спасовски одговори дека во моментов во Собранието политичко насилство прави малцинството врз мнозинството.

– Прочитајте ми член каде пишува дека треба да се исцрпи расправата за да се помине на друга точка. Ние не бараме од вас да ја прекинете оваа дебата, туку прво да се избере претседател на Собранието, а потоа може да дебатирате и на оваа точка, рече Спасовски.

Тој побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не вршат упад врз деловникот и Собранието бидејќи за тоа немаат право.

Инаку Европската комисија доцна синоќа изнесе извештај во кој пишува дека политичкиот притисок врз Собранието го прави ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека Ѓорѓе Иванов со своите постапки ја покажува неговата партизираност.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски