Димовски: СДСМ да си ги намалат емоциите, да го тргнат чувството дека се сопственици на државата

Од:

„Ние сме совршено свесни дека СДСМ сака да се однесува како да е сопственик и како да има монопол, не само врз Собранието туку и во целокупната држава Република Македонија, но тоа нас не ни дозволува да постапуваме според вољата на СДСМ.

Комисијата за прашањата за изборите и именувањата, иако во ваков чуден однос во овој мандат досега ги спроведува сите постапки успешно.

Од тој аспект, јас како Претседател на Комисијата за прашања за избори и иманувања се обидувам пред да го започнеме процесот да има минимални изгледи дека тој процес ќе биде успешен и дека нема да биде заглавен како многу други процедури и постапки во Собранието и државата воопшто“, рече Илија Димовски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Би сакал да ве известам дека во предходните два месеци сум остварил контакти и комуникација со повеќе лица од повеќе пратенички групи во Собранието на Република Македонија во насока да стимулирам што е можно побрзо започнување на процедурата за избор на членови на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ, со замолница до политичките партии претставени во Собранието на Република Македонија да започнат дијалог кој што ќе значи минимални услови за успешност на процедурата.

За возврат, не постои никаков контакт и никаква желба за дијалог од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија. Должен сум да ве информирам како претседател на оваа комисија дека оваа постапка за избор на членови на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ е во согласност со законот кои што беа гласани едногласно од Собранието на Република Македонија со поддршка од опозицијата.

Ако опозицијата имала намера да кочи ќе кочела уште во таа фаза. Но, новата постапка која е предвидена во законот за овие две тела предвидува двотретинско мнозинство во комисијата, значи од 13 членови со право на глас, треба 9 да гласаат „За“ за сите поединечни предлози, а кога ќе дојде на пленарна седница треба двотретинско мнозинство и бадентерово мнозинство. Значи постапката е исклучително комплицирана и е сосема различна од сите постапки досега.
Односот на СДСМ како кон оваа процедура така и кон се во државата сеуште е на ниво на еуфоријата на почетокот на нивниот мандат кога мислеа, а за жал сеуште мислат, дека се сопственици на Собранието и дека се сопственици на државата.

Јас како претседател на Комисијата за прашања за изборите и именувањата морам да се движам во согласност со процедурите и законите и да обезбедам успешна работа на комисијата.

Доколку досега ја започнев процедурата за избор на членови на овие две тела сигурен сум дека таа процедура ќе завршеше неуспешно, па ќе требаше да влеземе во нови постапки за објавување на нови конкурси и дополнително одолговлекување на постапките за избор на членови на овие две тела.

Од тој аспект, мојот апел до СДСМ е да си ги намалат емоциите, да го тргнат чувството дека се сопственици на државата и на Собранието, да научат дека во ова Собрание има 120 пратеници од повеќе од 15 политички партии и да разберат дека Собранието подразбира дијалог и минимум разбирање помеѓу 120 пратеници“, изјави Илија Димовски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски