Димовски: Реализација на дестина проекти во општина Зрновци

Од:

Носителот на листа во Изборната единица 3 од Коалицијата „За подобра Македонија“ Илија Димовски попладнево престојуваше во општина Зрновци каде се сретна со жителите на населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште. Притоа низ директни средби со граѓаните ја изложи програмата на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи десетина проекти кои ќе бидат реализирани по изборите на 11 декември.

– Не го забораваме нашето село и жителите во него, посебно од руралните средини. За таа цел во општина Зрновци ќе реализираме проект за проширување на патната мрежа од Зрновци преку Мородвис до Видовиште од регионалниот патен правец Карбинци-Виница, промена на секундарната водоводна мрежа во Зрновци, изградба на кошаркарско игралиште во Зрновци, како и асфалтирање на два полски пата во Видовиште и Зрновци, истакна Димовски.

Ќе ги поддржиме, додаде, и развојот на малите бизниси, посебно оние на село со поголем број стимулативни мерки, а за развој и унапредување на земјоделството во овој крај ќе го ревитализираме левиот магистрален канал од Хидромелиоративниот систем Брегалница кој повеќе од десетина години делумно не е во функција поради оштетеност на потегот од Зрновци до Теранци.

Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информираше за почетоците на изградбата на новата детска градинка која ќе располага со капацитет од 80 деца за населените места од општината, како и за почетоците на изградбата на новиот мост на река Брегалница, како една од основните сообраќајници за поврзување на општината со Кочани. Во наредните шест месеци, истакна Станков, освен алтернативниот пат кој ги изградивме стотина метри јужно од постојниот мост, жителите ќе можат да ги корсиат и алтернативните патни правци преку Виница и Теранци и Облешево.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ