Димовски: Рамката на дијалогот е поставена во препораките на Ад хок комисијата

Од:

Правиме извонредни напори и интензивно работиме и комуницираме за имплементација на препораките на извештајот околу 24 декември. Во оваа фаза не можеме да имаме различни ставови затоа што рамката на институционалниот дијалог е поставена со препораките од Ад хок комисијата, изјави денеска Илија Димовски, пратеник и член на Работната група на Собранието за имплементација на препораките.

Препораките, според него, се совршено јасни и голем дел од нив се и нормативно прецизни.

– Од тој аспект секое разногласие може да се толкува на секаков различен начин, што јас денеска нема да го правам, но ќе потенцирам дека единствена наша надлежност е да ги имплементираме препораките од Ад хок комисијата, онака како што стојат во извештајот прифатен од двете политички партии и потпишан од претставници легитимни на двете политички партии, рече Димовски, одговарајќи на наводите за различните ставови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Потенцира дека единствена надлежност на работната група е имплементација на препораките.

– Препораките се совршено јасни и се што се движи во рамките на препораките, што значи почитување на сите препораки односно нивно неменување или неисфрлање од динамиката на работа на работната група, ќе значи позитивна и брза финализација на работата, вели Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела