Димовски: Пратениците од СДСМ се однесуваат агресивно, дрско и недолично

Од:

Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес-конференција рече дека во текот на вчерашниот ден биле сведоци на уште едно агресивно, дрско и недолично однесување на пратеници на СДСМ кон претседателката на Комисијата за образование на Собранието на Република Македонија, Олга Најденовска.

– Само присебноста и одмереноста на Најденовска придонесе дрското и грубо однесување на пратениците на СДСМ да не прерасне повторно во физички напад, исто онака како што СДСМ повеќе пати направи во ова Собрание, рече Димовски.

Додаде дека целта на СДСМ е да не се донесе законот за основање на нов државен Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир Дамјан Груев и да се предизвика нова политичка криза.

СДСМ, како што посочи, сака да го повтори сценариото за предизвикување на нови инциденти и нови кризи во Собранието на Република Македонија.

СДСМ, како што вели, е против основање на нов државен Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир, кој треба да го носи името на Дамјан Груев.

– Во текот на вчерашниот ден преку закани, навреди, вербален напад, шеснаесетчасовни процедурални дискусии, но и со поднесени насилени, несуштински и контрадикторни над 980 амандмани сакаат да го блокираат носењето на законот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ, според Димовски, немаат свои идеи и проекти, но затоа, како што рече, ги кочат добрите идеи на мнозинството.

Тој потсети дека СДСМ беше против формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип кој денес, како што истакна, е еден од подобрите универзитети во Македонија.

– Пратениците на СДСМ нескриено кажуваат дека нивната цел не е да се подобри законот, ниту да се дебатира со аргументи, туку јасно и гласно говорат дека по секоја цена сакаат да го блокираат носењето на законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир Дамјан Груев. Со тоа покажуваат дека не го гледаат Собранието како место за аргументирана дебата и дијалог, туку како инструмент за агресивно и деструктивно спроведување на сценариото за континуирана криза во Македонија, рече Димовски.

Тој смета дека скоро сите 980 амандмани поднесени од СДСМ, немаат никакво суштинско значење, контрадикторни се и имаат за цел да се влече до недоглед процедурата за носење на овој закон, но и дека се доказ за непознавање на правото, деловникот и проблематиката од страна на пратениците на СДСМ.

На прес-конференцијата Димовски наброја неколку амандмани кои ги има поднесено СДСМ.

– СДСМ креира кризи и надвор од ова Собрание и внатре. Ова не им е прв пат. Не се креативни и инвентивни бар да смислат нов начин за блокади. Не се креативни ниту да смислат логични и аргументирани амандмани. Ова е узурпација на Собранието и негова злоупотреба за партиски цели, нагласи Димовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски