Димовски: Ова треба да заврши денеска, ќе констатираме дека нема да има измени во Уставот

Од:

Се што треба денеска да направиме е да го артикулираме гласот на граѓаните односно да констатираме дека овие уставни измени не можат да бидат составен дел од Уставот на Република Македонија и тоа не важи само за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку се почитува Уставот на РМ тој став треба да го имаат и пратениците на СДСМ, ова треба да заврши денеска, изјави пратеникот од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

-Засега нема никаков договор помеѓу опозицијата и власта, денеска не е ситуацијата таква. Денеска единствено што треба да констатираме е да ја испочитуваме одлуката на граѓаните. Во вакви ситуации ниту Собранието е носител на одлуките, ниту Владата, рече Димовски пред почетокот на седницата.

За во иднина, Димовски на сите политичари во државата им посака многу памет, мудрост и свест.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски