Димовски од Македонска Каменица најави нови инфраструктурни проекти

Од:

Нови инфарструктурни проекти најави денеска носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 3 Илија Димовски кој беше во посета на Македонска Каменица.

– Во посета сме на Македонска Каменица со цел да разговараме за проблемите и потребите на граѓаните и за програмата која ја има ВМРО ДПМНЕ. Најкрупни пректи кои треба да се истакнат се реконстркцијата на патниот правец од Виница кон Македонска Каменица и од Макеоднска Каменица кон Делчево, но и пробивањето нов регионален пат кон Крива Паланка што ќе значи нова алтернатива за сообраќајно финкционирање, истакна Димовски.

Ова е, рече, во рамките на програмата  во која се опфатени повеќе од десетина нови регионални патишта кои ќе бидат изградени во овој регион, а голем дел ќе бидат реконструирани.

– Разговаравме со родители на деца со посебни потреби, пензионери, спортисти, со млади за сите програми кои досега Владата ги реализирала, но и за проектите од Општината. Градот денеска има сосема друг лик. Очигледна е поддршката на граѓаните за реализација на програмата.  Апелот на сите е да не дозволиме редефинирање на државата, промена на уставот – двојазичност што би значела политичка дестабилизација на државата, напомена Димовски според кој луѓето од Македонска Каменица сакаат реални проекти, нова инфарструктура и поддршка од државата за нови работни места.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски