(ВИДЕО) Димовски: Нема договор за предвремени избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ јасно повторува дека нема било каков договор со СДСМ за предвремени парламентарни избори.

„Да прецизираме, ВМРО-ДПМНЕ јасно повторува дека нема било каков договор со СДСМ за предвремени парламентарни избори. Во ниту една верзија на вчерашниот документ, ниту во англиската, ниту во македонската, го нема зборот предвремени. Ние принципиелно стоиме на нашите позиции, кои повеќе пати ги повторувавме, дека нема одложување на датумот за одржување на локалните избори и дека нема договор со СДСМ за предвремени избори. Нема ниту датум, ниту датум за датум, како што велат од СДСМ“,  изјави Димовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има цврста политичка намера денеска да ги усвои измените во Изборниот законик.

–  Ние, ВМРО-ДПМНЕ, и со нив и без нив имаме цврста политичка намера денес да ги усвоиме измените во Изборниот законик во насока на овозможување на дополнителен рок од пет дена за доставување на листите на кандидати за советници и градоначалник за политичките партии. Но им порачуваме дека тоа во ниту една смисла и во ниту една можност не смеат да си го поврзуваат со било каков договор за одржување на предвремени парламентарни избори. Таков договор не постои.

– Ако не, тогаш тоа е нивен избор и ние и целата јавност во Република Македонија немаме ниту време ниту желба да се малтретираме со нивните манипулации. Ако се пријават и учествуваат во локалните избори, после оваа наша прецизна и јасна изјава, значи дека се свесни и ги прифаќаат работите онака како што вчера ги договоривме. Ако не, нека им е со среќа“, рече Илија Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?