Димовски најави консолидација и реформи во ССМ

Од:

Новиот претседател на ССМ, Дарко Димовски вети дека ќе ги врати работничките права, загарантираната плата и достоинството на работниците. Овие три се целите кон чија реализација ќе се стреми.

Димовски најави и консолидација на синдикатот, како и реформи кои се неопходен процес.

– Мојот мандат е многу краток и ќе трае две години бидејќи ова е вонреден конгрес и затоа ќе се фокусираме на овие три цели – враќање на работничките права, загарантираната плата и враќање на достоинството. Реформите се неизбежни во Сојузот на синдикати, но тоа е наш интерен проблем којшто ние заеднички ќе го решиме, изјави Димовски.

Тој изјави дека изборот бил најдемократски и дека добил поддршка од 68 од вкупно 108 делегати.

Делегатите од синдикатите кои му дадоа поддршка на Пецо Грујовски го напуштија Конгресот во моментот кога требаше да се гласа, а Грујовски во кратка изјава за медиумите оцени дека се работи за најконтроверзниот конгрес и оти изгубил Синдикатот и работниците.

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари