Димовски: На митингот во Велес немаше велешани

Од:

„Црвенковски вчера дојде во Велес, но граѓаните на Велес не отидоа да го слушаат. На плоштадот во Велес имаше луѓе од Штип, од Кавадарци, од Прилеп, од Скопје и од Куманово, но најмалку имаше луѓе од Велес. Впрочем огромниот број на автобуси криени низ улиците на Велес, благодарение на Медиумите ги виде целата јавност“, изјави на прес конференција Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Според него жителите на Велес не излегле да го слушнат Црвенковски бидејќи во времето на СДСМ од најразвиен индустриски центар станал најсиромашен град во Македонија.

„Граѓаните на Велес не излегоа затоа што најголемата фабрика за порцелан на Балканот ја распарчија и ја оставија во тешки милионски долгови. Затоа што 4000 семејства само од оваа фабрика останаа без својата егзистенција“, рече Димовски.

Затоа, како што рече Димовски, граѓаните од Велес немаат никаква доверба ниту во Бранко Црвенковски ниту пак во оние велешани кои нему му се соработници, следбеници и послушници.

„Го слушнавме г. Црвенковски како ја повтори невистината дека СДСМ го градел автопатот од Скопје за Тетово. Г-дине Црвенковски во тој автопат ниту вие ниту СДСМ има инвестирано макар еден метар. Тој автопат започна да се гради во 1998 година, а заврши да се гради во 2002 година. На сликата која ја објавија медиумите од свеченото отворање на автопатот, се гледа дека потпретседатлеот на Владата г. Џевдат Насуфи е тој кој што го пушта овој автопат во употреба, а тој не беше потпретседател на влада на СДСМ“, изјави Димовски.

Тој каќа дека не е точно тврдењето на Црвенковски дека СДСМ направила држава.

„Тоа не е точно. Вие наследивте веќе осамостоена држава со само 16% невработеност, со развиено стопанство, со силни претпријатија, а оставивте држава со 38% невработеност, со разграбани и уништени претпријатија и со криминал невиден никаде во Европа“, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?