Димовски: Мисовски е пратеник на прогрчка партија

Од:

Лилјана Поповска, остана осамена и без поддршка од владините партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за предлогот, стручната јавност да учествува во оформувањето и изградбата на градот Скопје. За опозицијата предлогот е задоцнет, и ја прашаа Поповска зошто не реагирала на време, бидејќи во Скопје царува урбаното лудило на, како што рекоа, главниот архитетк Никола Груевски и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Ивановски, потстети дека градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, потрошил два милиони евра за 1 и пол парк, што значи платил едно евро квадрат. За Паркот на езерата потрошени се еден милион евра за 11 илјади квадрати.

„Со злато ли ги прави парковите“, праша Ивановски

Ивановски уште забележа и дека 1,8 милиони евра се платени за Прометеј, те со гаќи, те без гаќи.

„На скопјани им се одзема Скопје, како и Македонија на Македонците. За среќа привремено“, рече Ивановски.

„Општина Центар во буџетот предвиде 6 милиони денари за детски игралишта. Во Малиот ринг едно од најубавите детски игралишта го прегазија и уништија за да може бизнис интересите на Извршниот комитет да се реализираат“, рече Горан Мисовски од НСДП.

„Секогаш кога ќе дебатира пратеник од НСДП ќе барам да се извини за прогрчките ставови на нивниот лидер. Вие сте пратеник на прогрчка партија“, му реплицираше Илија Димовски на Мисовски, што предизвика кавга и дофрлување од место.

„Јас сум опериран од вашите навреди. Вашите дискусии ги множам со нула, а за вас се сеќавам само на изјавата на Љубчо Георгиевски дека кога сте се поздравувале со него 5 дена не сте ги миеле рацете, му одговори Мисовски.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски