Димовски: Министрите кои се бираат не се во салата

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во процедурална забелешка реагираше до претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери да ги опменува пратениците кои, како што рече, нема правилно да го употребуваат името на партијата од која доаѓа.

Димовски, обраќајќи се кон мандатарот Зоран Заев рече дека половина од кандидатите за министри не се присутни во салата.

– Сметам дека не е коректно, министритите кои се бираат да не бидат тука. Првин од почит кон институцијата, потоа кон нас пратениците, рече Димовски.

Џафери одговори дека не е во умот на никој пратеник и да води сметка за тоа кој како го кажува името на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до присуството на министрите, Џафери додаде дека согласно деловникот не е неопходно нивното присуство, освен на предлагачот на Владата, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање