Димовски: Ќе се помогне домашни компании да отвораат бизниси во руралните средини

Од:

Илија Димовски зборуваше за мерки и проекти кои се дел од новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, „Реално“.

Во однос на подобрување на патната инфраструктура, Димовски пред граѓаните истакна дека во Општина Виница е планирана рехабилитација и реконструкција на повеќе регионални патишта како што се: рехабилитација на патна делница Карбинци-Зрновци-Виница, реконструкција на регионален пат Виница – Бигла, реконструкција на регионален пат Берово – Виница и додаде дека ќе се реконструираат и многу локални патишта во овој дел на Македонија.

Димовски исто така потенцираше дека продолжува изградбата на клиничката болница во Штип која ќе биде во корист на сите жители од овој регион, како и изградба на автопатот Скопје – Штип и експресниот пат Штип –Кочани.

Пред граѓаните тој истакна дека е започната и гасификацијата во Источна Македонија што е од огромна значење за граѓаните и со што ќе им се подобри животот.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус