(ВИДЕО) Димовски: Извештајот за Катица Јанева да се декласифицира, јавноста треба да знае

Од:

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски изјави дека Извештајот кој е испратен од Советот на Јавни обвинители до Собранието треба да биде декласифициран и јавноста да присуствува на комисиската расправа за разрешување на Специјалната јавна обвинителка.

-Мој личен став е дека Советот на Јавни обвинители треба да го декласифицира извештајот за специјалната јавна обвинителка. Комисијата треба да се одржи со присуство на јавноста. На тој начин ќе се зголеми во довербата на граѓаните во Собранието и правосудниот систем, рече Димовски.

Тој додаде дека првично Извештајот на 30 август до Собранието пристигнал без класификација, но еден ден подоцна односно на 31 август стигнал нов допис од Советот на Јавни обвинители со кој се информира Собранието дека материјалот е класифициран.

Димовски информираше дека и доколку не се декласифицира извештајот, Комисијата има капацитет да одлучува веднаш бидејќи само 3 членови не поседуваат сертификат за класифицирани информации и истите можат да се заменат со замениците членови кои го поседуваат сертификатот а воедно и да не биде нарушен соодносот на членови од политичките партии.

Сепак, според законот и деловникот членовите на Комисијата ќе одлучуваат дали седницата ќе биде отворена или зад затворени врати. За оваа одлука потребно е двотретинско мнозинство односно 9 пратеници да гласаат за присуство на јавноста на седницата.

Димовски исто така информираше дека покрај препорака на Комисијата, за разрешување на Јанева потребно е согласнот и од четирите најголеми парламентарни партии.

-Постапката е идентична како и за именувањето. Потребно е согласнот од 4 најголеми партии во Собранието. За тоа ќе доставам писмено барање до претседателот на Собранието Талат Џафери да ме извести кои се тие четири партии, рече Димовски.

Седницата на Комисијата за избори и именувања ќе биде закажана за в четврток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште