Димовски: Фактот дека Владата потпиша штетен договор со Република Бугарија е се поголем

Од:

СДС дејствува и склучува договори без да ги има во предвид македонските државни и национални интереси. Договорот со Бугарија е класичен пример за немање на одговорност кон сопствената држава, изјави денеска пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, не е против договор за добрососедство, но сметаме дека тој треба да се базира на темели на заемно почитување, каде двете договорни страни нема да се чувствуваат оштетени. Нагласи дека Договорот со Бугарија е чиста спротивност на тоа и создава чувство кај македонските граѓани дека тие се оштетени и губитник од договорот.

– ВМРО-ДПМНЕ како конструктивен фактор предложи во договорот да бидат вметнати предлози кои ќе бидат прифатливи за граѓаните на Македонија и нема да создаваат чувство на губитник. Но, СДС опиен од својата неодговорност не прифати ништо, не се ни обиде да постигне подобар договор, рече Димовски.

Според член 11, став 5 од договорот кој Заев го склучи со Борисов, Заев и Владата на СДС, потенцира Димовски, доброволно се откажуваат од Македонците во Бугарија.

– Ставот гласи: Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија, рече Димовски и додаде дека уште еднаш ги повикуваат пратениците на СДС да не дадат поддршка на договорот.

Би можело да ве интересира

Ристов: Во Конче најмладите ќе останат во фокусот, ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче и стипендии за најдобрите ученици и студенти

ВМРО-ДПМНЕ: Се разоткрија вистинските лица на политичката сцена, на едно место се собраа најголемите криминални интереси

Мицкоски: Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се ДУИ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби, Османи и ДУИ се тие кои ниту сакаат ниту почитуваат некого

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Горан Наумовски