Димовски: Државни субвенции за рестартирање на фирмите жртви на транзицијата

Од:

Носителот на листата во изборната единица 3 на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Илија Димовски денеска најави дека во наредните неколку години државата ќе го субвенционира рестартирањето на фирмите кои беа жртви на транзицијата.

– Проектот „Жртви на транзицијата“ ќе значи дека сите оние фирми кои што ќе стекнат сопственост врз имотот на поранешните стечајни фабрики кои што пропаднаа во транзицијата ќе добијат директна помош од држава. Во нашата изборна единица има многу такви пропаднати фирми, Винка Виница, Трска-Виница, Карпош-Крива Паланка, има во Берово, Свети Николе, Кочани, Велес за кои граѓаните подобро знаат, заради тоа што нивното пропаѓање го осетиле на свој грб, рече Димовски.

Државата, како што додаде, во следниот период ќе дава големи субвенции и поддршка на фирмите кои што ќе ги рестартираат тие капацитети.

– Големи даночни ослободувања, ослободување од персонален данок на вработените, грантови за вработување на поранешни стечајни работници се само дел од мерките кои ќе се спроведат. Тоа значи дека фирма која што ќе вработи стечаен работник ќе добива 4.000 евра грант и грантови за рестаратирање на капацитетите, односно за набавка на опреми за машини…, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски