Димовски: Аболираниот Заев треба да се засрами во ширењето лаги, дезинформации и клевети

Од:

Болшевичкиот клер во македонската политика, предводен од аболираниот за криминал премиер Зоран Заев, човекот кој цела Македонија го виде како бара мито од едно евро за брат му, евро за црквата, треба да се засрами во ширењето на лаги, дезинформации и клевети, реагира Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, преку писмена изјава.

„Тоа што илјади пати ќе повторат една лага, тоа не значи дека ќе стане вистина. А вистината која толку многу често ја манипулираат е следна: Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не е до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска висина од 1500 метри купено од друго приватно лице, каде сега има насади со ореви.

Што се однесува до темата хидроцентрали, Димитар Димовски поседува едноцифрен удел во компанијата која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање на концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законските и подзаконските акти. Впрочем ако имаше било какво отстапување, досега ќе имаше правосилни пресуди познавајќи ги нивните тесни релации со политизираното судство.

Што се однесува до темата СЈО, причината зошто јавноста е против ваквото нефункционално СЈО треба да ја бараат во своите редови, затоа што на Македонија не и треба партиска испостава која ќе произведува неправда која е политички сугерирана, туку вистинска правда достапна за сите институција, која ќе го гони вистинскиот криминал. А такво обвинителство Македонија ќе има Очекуваме СДСМ јавно да се извини поради ваквите дрски лаги, манипулации и злоупотреба на вистината.

Ваквите нервозни соопштенија и ширењето на лажни вести не го намалува скандалот на пуленот на Зоран Заев, Курто Дудуш, кој измачуваше, тепаше и навредуваше човек во градоначалничката канцеларија.

Кој и да излезе на прес конференција и да ја говори вистината ќе се најде на метата на СДСМ, но тоа нема да не спречи да ја говориме вистината. А вистината е дека партијата предводена од аболиран за криминал човек, сега застанува во одбрана на уште еден градоначалник насилник, само затоа што е пулен на лидерот Зоран Заев.“, објаснува димовски во писмената реакција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања