Димовски: 480 милиони евра за патиштата во источниот дел на Македонија

Од:

Носителот на кандидатската листа во ИЕ 3 Илија Димовски престојуваше на регионалниот пат село Бурилчево – село Аргулица каде екипи на ЈП Македонија пат работат на неговото асфалтирање. Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и во него се инвестирани средства во износ од 23 милиони денари од ЈП за Државни патишта и Министерството за транспорт и врски.

– Во новата програма на владејачката партија голем дел од инвестициите се наменети за изградба на патна инфраструтура во источниот дел од државата. За оваа намена се планирани 480 милиони евра, истакна Димовски.

Тој ги спомена довршувањето на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат Велес – Кадрифаково, како и Ранковце – Крива Паланка, Штип – Кочани и Штип – Радовиш кои како експресни патишта ќе започнат да се градат на почетокот на 2017 година.

Димовски посочи дека се обезбедени финансиски средства и за изградба на регионалните патни правци Чашка – Богомила, Крива Паланка – Македонска Каменица, Кочани – Македонска Каменица – Делчево и Виница – Берово, како и изградба на локална патна мрежа до сите населени места во општините од источниот регион.

За градоначалникот на општина Карбинкци Зоран Минов поврзувањето на општините Карбинци и Чешиново – Облешево со асфалтирање на делницатѕа од Аргулица до Бурилчево е од особено значење, бидејќи со овој регионален патен правец жителите скратуваат 25 километри.

– По долги најави конечно го асфалтираме и овој патен працвец со што општината ја поврзуваме со општината Карбинци и Штип. Бенефитот од изградбата на овој патен правец за граѓаните и земјоделците е голем, истакна Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново – Облешево.

За градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков останува за асфалтирање делницата од село Теранци до село Бурилчево за која, како што најави, средтва се обезбедени во програмата за наредната година. Со овој регионален патен правец, рече Станков, околу 13 илјади жители од 15 населени места од Плачковичкиот и Виничкиот крај ќе бидат меѓусебно поврзани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618