Димитровски вети низа проекти за Кочани

Од:

Проекти за искористување на геотермалните води, прераснување на Пониква во модерен зимски центар и поддршка за реализација на проектот за изградба на браната на Оризарска река, најави кандидатот за градоначалник на Кочани од коалицијата „За подобра Македонија“, Ратко Димитровски.

На денешната прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Димитровски вети и изработка на ДУП за нова индустриска зона, изградба на дом за стари и изнемоштени лица, решавање на проблемот со отпадните води, асфалтирање улици, изградба на спортска сала во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, затворање на отворениот базен во Кочани и отворање на ватерполо центар…..

– И овојпат пред граѓаните излегуваме со реална и конкретна програма. Таа програма ја подготвивме изминативе четири години заедно со граѓаните на Кочани. Во неа се предвидени проекти како одговор на нивните потреби, за секоја населба и секое населено место во општината. Во новата програма се обезбедува континуитет на успесите и работата. Ќе ги довршиме оние проекти кои ни преостанаа за дореалзиција и да ги претвориме новите проекти од Програмата во нови дела кои ќе и обезбедат развој и напредок на нашата општина, рече Димитровски.

Осврнувајќи се на сработеното во изминатиот мандат како градоначалник, Димитровски рече дека се реализирани 90 проценти од проектите што биле ветени и оти изминатите четири години фокусот бил ставен на капиталните инвестиции за што околу 50 проценти од буџетот на општината биле одвоени за таа намена.

– За четири години реализиравме проекти колку што не беа реализирани изминатите 18 години од сите мои претходници заедно. Поставивме стандарди на посветена, одговорна и отчетна работа, а за тоа говорат делата во општина Кочани. Бевме фокусирани на реализација на нашата програма која им ја ветивме на граѓаните пред четири години, но во од’ решававме и проблеми кои се појавуваа пред граѓаните, рече Димитровски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме