Димитровски: Постигнати се резултати, допрва ќе се реализираат проекти во европско Кочани

Од:

Создавање услови за обезбедување нови работни места преку искористување на природните ресурси и модернизација на постојните капацитети, заокружување на инвестициите на Пониква преку сноу борд паркот и останатите проекти за развојот на спортскиоот центар, нагласи вечерва на промоцијата кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Кочани, Ратко Димитровски.

– Ќе го вратиме сјајот на оризот со субвенции и грижа за зголемување на неговата откупна цена, геотермалните води, еден од трите најзначајни ресурси ќе ги искористиме во работата на откупни центри за земјоделски производи, но и во бањски и спортски цели. На овие стратешки цели ќе ја додадеме и заложбата, за изградба реконструкција, асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во сите населени места во општината, нагласи Димитровски, кој пред кочанчани уште еднаш ја побара довербата, презентирајќи им го досега сработеното.

Одговорно, чесно и отчетно, го опиша градоначалникот мандатот кој изминува, истакнувајќи оти се постигнати видливи резултати, но допрва ќе се реализираат проекти во Кочани..

Со доаѓањето на власт во 2009 година, потенцира тој, го променивме ликот на локалната политика и покажавме дека не треба да постои дистанца меѓу претставниците на локалната власт и граѓаните. Изградивме, подвлече, отворена Општина, не само физички со просторно уредување и со нејзините обележја – грб, знаме, песна, празник, регистарски таблици, туку и суштински.

– Ставајќи го граѓанинот пред се со новата едношалтерска канцеларија го поедноставивме давањето општински услуги и ја олеснивме комуникацијата меѓу граѓаните и службите на локалните самоуправа како дел од грижата за заштита на јавниот интерес, рече Димитровски.

Тој потсети на повеќе реализирани проекти, како реконструкција на водоводна мрежа во средната зона во градот, изградба, реконструкција и асфалтирање на улици, изградба на повеќенаменска игралишта и објекти за спорт.

Со средства од програмата за прекугранична соработка на ЕУ е изградена Етно куќа и е реализиран проектот модерна инфраструктура – успешен бизнис.

– Бевме и град на културата 2012 година, истакна меѓу другото Димитровски.

На присутните вечерва им се обрати и Зоран Коњановски член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Оваа вечер го гледам Кочани победничко, ќе победи народот затоа што сме доследни на нашите политики, затоа што сме блиски на народот. ВМРО-ДПМНЕ јавно кажа дека ќе работи за доброто на 2 милиони луѓе. Сега гледаме друга опција која сака да го спаси својот лидер од предвремено пензионирање. Имавме слух и знаевме да ја промениме сликата за Македонија, рече во своето обраќање Коњаноски.

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани