Димитровски: Одлуката за Владимир Талески е диригирана од СДСМ

Од:

И покрај поддршката и апелите што граѓаните ги дадоа за судството да не потклекнува на притисоците и да има еднакви аршини во работата, сепак сведочиме на уште една диригирана одлука која ја продолжува хајката против ВМРО-ДПМНЕ.

На јавноста и е јасно за што се работи веќе одамна. СДСМ немајќи други начини демократски да се избори за доаѓање на власт, континуирано работи на дискредитација на владејачката партија на секаков начин па дури и со политички диригирани хајки преку своите инструменти.

Дека градоначалникот Владимир Талески е жртва на опозициските сценарија говори и фактот дека Струмица плаќала двојно поскап превоз од Битола притоа без транспарентни постапки во процесот а Заев ете не е во притвор!

Сепак ВМРО-ДПМНЕ се залага и ќе се залага за правна разрешница според законот во која ќе нема место за политички пресметки.

Македонија е демократска и правна држава во која законот е еднаков за сите и ние веруваме во тоа.
Доколку СЈО навистина е законска а не политичка структура, очекуваме имајќи во предвид дека граѓаните на Република Македонија знаат кои се фактите поврзани со превоз на ученици во Струмица, и дека за превозот Струмица плаќала двојно повеќе од Битола, да се спровде итно постапка за расвелтување на случајот.

И уште еднаш ќе порачаме до опозицијата, дами и господа опозиционери, политичките пресметки се прават на избори со гласови и доверба кај граѓаните, а не во судовите со политички инструменти создадени да ви бидат логистичка поддршка во политички инструирани предмети, кажа Борче Димитровски-Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито